August 20, 2022 01:31
Македонија

Бачев до Бајден: Извини Џо, морално е

Извини Џо, морално е, заканувај се со санкции колку душа ти сака ама Преспанскиот договор мора да се поништи, порача партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев до претседателот на САД, Џо Бајден.

Од партијата на Бачев кој објави книга за поништување на договорот со Грција коментираат дека таму детално се образложени правните основи и постапката за поништување на Договорот.

„На 17 јуни, американскиот претседател Џо Бајден го продолжи Извршниот декрет под број 13219 уште за една година со кој секој граѓанин и политичар во Македонија кој говори против Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД кое нешто подразбира забрана за влез и замрзнување на имотот во САД. Во ист ден, во исто време, од САД стигна забрана да се зборува против Преспанскиот договор, а од Македонија беше упатен абер дека Договорот е ништовен и мора да се поништи и дека постојат правни основи и постапка како да се стори тоа.

Џо, извини, ама морално е, можеш да се закануваш со санкции колку душа ти сака ама Договорот мора да се поништи бидејќи сакаме да бидеме свои на своето и тоа што сме – Македонци од Македонија. И толку“, велат од партијата на Бачев.