April 10, 2021 17:44
Спорт

Бартомеу одби да сведочи, па со кауција излезе од притвор

Поранешниот претседател на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, денеска беше пуштен од притвор со кауција за да се брани од слобода во случајот „Барсагејт“. Бартомеу е првообвинет откако се пронајдени докази дека клубот под негово водство плаќал компании и индивидуалци за преку лажни профили на социјалните мрежи да го нарушуваат угледот на поранешни и сегашни фудбалери на клубот, меѓу нив и Лионел Меси и Жерар Пике.

Тој  ја мина минатата ноќ во притвор, по што денеска го искористил своето право да не сведочи пред истражниот судија, па му била одредена кауција.

-Истражниот суд во Барселона, по повод случајот покренат во мај 2020 година за нелојална администрација и корупција во работењето, ги сосолуша поранешните раководни лица во Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Хаиме Масферер. Тие се повикаа на своето право да не сведочат, по што судијата се согласи да ги пушти да се бранат од слобода, одредувајќи им кауција, се вели во соопштението на Судот во Барселона.

Watch Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 Episode 2 (https://animefreak.ws/m/Zdjg/ep-2) at AnimeFreak anime stream

Noblesse (Dub) (https://funimationfree.com/m/Dlwp) Episode 13 at website https://funimationfree.com mob psycho 100 funimation