December 9, 2022 00:22
Спорт

Барселона ќе ги лекува раните од „Џузепе Меаца“ со жалба пред УЕФА

Барселона  неможе да се помири со поразот од 3. коло во групата од фудбалскат Лига на шампионите кој го претрпе на гостувањето кај Интер (1:0). Каталонците раните од „Џузепе Меаца“ ќе ги лекуваат со жалба пред УЕФА поради делењето (не)правда.

Барселона е незадоволна од две ситуации. Прво во 67. минута кога изедначи со голот на Педри, а потоа судијата Славко Винчиќ од Словенија доби сигнал од ВАР собата дека Ансу Фати играл со рака пред Педри да ја смести топката во мрежата. Втората спорна ситуација е од судиското продолжение кога во 92. минута бараа пенал.

„АС“ пренеусва дека покрај тоа што Барселона ќе бара да се разгледаат овие две ситуации од УЕФА ќе побара  холандскиот судија Пол Ван Бункел, кој беше во ВАР собата никогаш да не биде делегиран на нивните натпревари во било која улога. Тие потсетуваат дека овој судија бил и според нив виновник зошто Барселоан не добила пенал и на неодамнешниот натпревар против Баерн Минхен.