February 28, 2020 03:32
Спорт

Барселона шокирана во Гранада од изненадувачкиот лидер на Примера

Екипата на Барселона претрпе неочекуван пораз на гостувањето во Гранада 2:0, во рамките на 5. коло од шпанската Ла Лига.

Домаќинот рано дојде во водство, уште во втората минута од натпреварот со голот на Арез. На почетокот од вториот дел Ернесто Валверде мораше да го внесе во игра и нецелосно рехабилитираниот Меси, но и со него, „каталонците“ не успеаја да го свртат резултатот во своја корист, па Гранада во 65. минута преку Вадиљо од пенал само ја запечати победата против актуелниот шампион.

Изненадувачки, Гранада е прва на првенствената табела со десет бода, додека Барселона го претрпе и вториот пораз и е седма со само седум бода.