Спорт

Барселона претстави нова опрема со боите на знамето на Каталонија

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона на својата официјална веб-страница претстави нови дресови изработени во боите на знамето на Каталонија. Производителот на опремата е компанијата „Најк”. Новите дресови ќе бидат пуштени во продажба утре (13 ноември)  во клупските продавници и на 20 ноември на други места.

Во коментар, клубот појасни дека со новата опрема се потенцираат каталонските корени на тимот, нејзината поврзаност со каталонскиот идентитет, култура и вредности.