June 16, 2021 15:16
Спорт

Барселона подготвува отказ за Куман

Управата на каталонскиот тим се поблиску до одлуката да му се заблагодари на Холанѓанецот.

Иако на две кола до крајот на сезоната во Ла Лига, Барселона имаше минимални шанси да дојде до титулата, тие исчезнаа со поразот од Селта во претпоследното коло со што се интензивираа шпекулациите за неизвесната судбина на тренерот Роналд Куман.
Работата на Холанѓанецот е под лупа со доаѓањето на новата управа во Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта.

Шпекулациите за неговата судбина се намалија по освојувањето на кралскиот Куп и враќањето на тимот во трката за титулата, но со серијата киксеви во последните неколку кола, Куман повторно се најде на дневен ред кај управата.
Според каталонското радио РАЦ1, челниците на Барселона се одлучни во намерата да му дадат отказ на Куман по завршување на сезоната иако Холанѓанецот има уште една година од договор и ќе мора да плаќаат казнени пенали.

Истиот извор за радиото наведува дека иако на минатонеделниот состанок на Куман со Лапорта, тренерот добил поддршка, двата порази по ред го натераа претседателот на Барселона да донесе одлука за разделба на крајот од сезоната.
За време на претседателската кампања Лапорта во неколку наврати изјави дека не го гледа Куман во своите визии поврзани со Барселона и Холанѓанецот остана на клупата само бидејќи не можеше да се најде доволно квалитетна замена за него во текот на сезоната.
Според медиумите кои се блиски до Барселона, и понатаму прв кандидат за нов тренер е Чави Ернандез кој иако потпиша нов договор со катарскиот Ал Сад, наводно има клаузула според која може да си замине само доколку добие понуда од Барселона.

KissAnime kissanime one punch man: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 4 (https://kissanimeonline.com/m/MVKg/ep-4)

WCOStream wcostream cartoons: Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full