December 5, 2022 22:32
Спорт

Барселона објави заработка од 98 милиони евра

Каталонскиот фудбалски гигант Барселона објави дека регистрирала добивка од 98 милиони евра за финансиската година 2021-22, а за оваа сезона предвидува добивка од 274 милиони евра. 

Барселона е втора на листата на Форбс на највредни фудбалски екипи со проценета вредност од пет милијарди евра, зад ривалот Реал Мадрид, кој е проценет на 5.1 милијарди евра. 

Клубот соопшти дека Управниот одбор на вчерашната седница ја заклучил финансиската година со промет од 1.017 милијарди евра и одобрил буџет за оперативни приходи од 1.255 милијарди евра за оваа сезона. 

За да ги надомести загубите и да ги почитува правилата на финансискиот ферплеј, Барселона претходно продаде 25 отсто од своите домашни телевизиски права на американската инвестициска компанија Sixth Street за следните 25 години во две одделни зделки за вкупно 500 милиони евра. 

Клубот собра и дополнителни 200 милиони евра од продажбата на вкупно 49 отсто од уделот во Barca Studios во две одделни трансакции, додека, исто така, потпиша долгорочен спонзорски договор со стриминг гигантот Spotify во март оваа година.