December 2, 2022 11:35
Спорт

Барселона за десет минути го растури Цеље

Барселона остана единствениот тим во максимален скор по трите одиграни кола во групата од ракометната Лига на шампионите. Каталонците во оваа рунда се изнамачија со Цеље, за на крај да слават убедливо, со 38:30.

Конечниот резултат не открива дека Словенците водеа некаде до 46. минута, а мечот беше изедначен во 50-тата. Иако Барса го доби првиот дел со 19:15, тимот предводен од Алем Тоскиќ успеа да се врати и да изедначи а 23:23 во 42. минута.

Имаше напад за да поведе и со два разлика, но последен пат имаше 27:26, а потоа едноставно дојде до израз истрајноста на Барса. Цеље почна да греши, Барса тоа бескомпромисно го казнуваше и стигна до убедлив триумф, предводена од Дика Мем со 10 гола, а Хампус Ване имаше седум од седум. Кај Словенците, Анте Иванковиќ постигна седум, а Гал Маргуч шест.

Барса сега има три од три и со шест бода води пред Кил, Кјелце, Алборг и Нант.