December 7, 2021 04:58
Спорт

Барселона се договори и со Фати

Барселона дури во третото коло од групата Е во елитното клупско фудбалско натпреварување  Лигата на шампионите забележа прва победа, го совлада украинскиот Динамо Киев (1:0) на „Камп Ноу“ и остана во трка за пласман во нокаут-фазата. Покрај задоволството од победата во ЛШ,  шпанскиот гигант кој е во период на компонирање на нов состав, на своите симпатизери им испрати уште една убава вест.

По Педри и младиот офанзивец се обврза на долгогодишна соработка со клубот од „Камп Ноу“. Барселона објави дека со 18-годишниот талентиран играч Ансу Фати потпишале нов договор со важност до до 2027 година. Во новиот договор на талентираниот фудбалер има и откупна клаузула, која изнесува неверојатни милијарда евра, како и за Педри. Со ваквите чекори Барселона полека ги решава некои работи за својата иднината.

Фати минатата година доби шанса да заигра во првиот тим на каталонскиот гигнат, каде што веднаш го покажа својот талент, а по заминувањето на Лионел Меси ја доби „десетката“ на неговиот дрес.