December 6, 2021 10:56
Спорт

Барса го имала договорено Мбапе, а тренерите го одбрала Дембеле

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона пред четири години го ангажира Осман Дембеле како  големо засилување за 135 милиони евра од Борусија Дортмунд, но францускиот интеранционалец не ги ошправда очекувањата. Повеќе од половина од догворот го мина во рехабилитација од повреди. Сега Барса сега му поставува ултиматум на Дембеле да одлучи дали ќе остане или ќе замине кога има уште една година од договорот. Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу кого го обвинуваат за недомаќинско работење и го посочуваат како еден од виновниците за лошата фиансиска ситуација во клубот од „Камп Ноу“ со огласи да го појасни купувањето на Дембеле. Тој посочува дека Барселона тогаш го имала договорено Килијан Мбапе.

-Ние го имавме договорено Мбапе, но тренерите го одбраа Дембеле, зашто според нивната проценка тој може сам да создава игра, открива Бартомеу.

Поранешниот претседател во чија ера Барса заглави до гуша со долг над една милијарда евра и летово го загуби Лионел Меси, посочи дека и во неговата ера се правени грешки, но сето тоа е фудбалски.

-Да, некои фудбалери не задоволија и беа многу платени, но во фудбалот тоа е така. Кога ги донесовме Кутињо и Дембеле сите беа воодушевени, плескаа, се радуваа. Кутињо во Премиерлигата беше Иниеста, најдобар играч, а Дембеле дојде зашто останавме без Нејмар. Но, во фудбалот секогаш има 50 отсто шанса да промашите, додава Бартомеу.