December 15, 2019 11:18
Спорт

Барса – Атлетико и Валенсија – Реал во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп

Шпанскиот фудбалски Суперкуп во своите три наредни изданија ќе се игра турнирски со три клуба и тоа надвор од европскиот континент, а денеска беше направена ждрепка за мечевите во јануари во градот Џеда, во Саудиска Арабија.

Ждрепата сакаше во полуфиналето да играат Барселона – Атлетико Мадрид и Валенсија – Реал Мадрид. „Лилјаците” и „кралевите” ќе се сретнат на 8 јануари, еден ден подоцна е каталонско-мадридскиот дуел, а финалето е закажано за 12 јануари.

Еден од условите кои ги бараше шпанската федерација кога се договараше со Саудијците, беше да се дозволи влез на жените на стадионот кој собира 62.000 гледачи. Победникот ќе освои 2 милиони евра, а самото учество носи 800.000 евра.

Нови вести

Селадес и Зидан заедно играа на 41 меч, а вечерва ќе се надмудруваат како тренери

Igor

Гвардиола: Сити му помогна на Ливерпул да стане тоа што е сега

Igor

(ВИДЕО) Дончиќ се повреди, Далас загуби

Igor