August 5, 2021 04:27
Спорт

Барди: Ќе покажеме дека Македонија игра добар фудбал

Македонија е подготвена да покаже дека знае да игра фудбал и дека во свотие редови има играчи кои заслужуваат големо внимание порача на вечерашната перс-конференција од Букурешт, преку видео-врска Енис Барди, кој на репрезентативната дружиба и се придружи непосредно пред заминувањето бидејќи на стартот од подготовките имаше позитивен тест на коронавирусот. Барди ја заврши битката со коронавирусот токму пред најзаначајниот настап за мак-фудбалот на ЕП. За репрезентативецот од редовите на шпанскиот Леванте, Барди ова ќе биде втор настап со државниот тим на завршница од ЕП, бидејќи беше дел од селекцијата до 21 година која прва заигра на ваков турнир во 2017 година во Полска.

-Незаборавно е тоа што го доживеавме во Полска, но не се споредува со ова сениорско епа каде на собир ќе бидат сите ѕвезди. Не е исто. Морам да кажам не дојдовме тука како аутсајдери без разлика што првпат ќе учествуваме. Македонија веќе докажа многупати колку вреди и какви квалитетни играчи има, ама ова Европско ќе ни биде прилика да докажеме дека знаеме да играме фудбал и дека има големи фудбалери во нашите редови, вели Барди.

Македонскиот државен тим на секој меч ќе игра максимално мотивирано и мдисциплинирано. Зане што сака и колку може. На ниту еден ривал нема да му биде лесно без разлика според рејтингот македонскиот тим е сместен меѓу аутсајдерите на првенството и во групата Ц, каде за ривали ќе ги има Австрија, Украина и Холандија.

-Јас сум многу среќен што сум дел од оваа селекција, а дали ќе играм зависи од селекторот, но спремен сум за секоја минута што ќе ја добија да пружм максимум. Фала му на Господ што сум здрав, што сум тука на Европско и сега одиме од меч на меч, треба да уживаме буквално во секоја секунда, а дали ќе поминеме група…. најважно е во секој меч да влеземе и да знаеме што сакаме. Ова е Европско првенство, нешто што досега не сме го доживеале и затоа треба да уживаме во секој момент, во секој дуел, во секој аут… Да уживаме, ама да бидеме сконцентрирани и толку фокусирани за да можеме да направиме нешто што сите ќе бидеме горди, ние, семејствата, цела Македонија, додава Барди.

Што може да се очекува од македонскиот тим на ЕП ?

-Кој и да ни е противник Австрија, па дури Италија, Португалија, ќе ни биде тешко. Тука ќе играат најдобрите, а се зависи од нас, како ќе влеземе во мечот, што ќе правиме, што ќе анализираме, како ќе играме. Небитен е противникот, зависи од нас, да знаеме каде и како да се поставиме, да направиме анализа да може да ги победиме. Австрија не победи, но физички бевме изедначени. Но, ние таа лекција добро ја научивме и сега знаеме што нѐ чека. И ние ги знаеме нивните добри и лоши страни, додадва Барди.

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Hetalia World Series (Dub) Episode 48

WCOStream - Watch anime online, English dub anime. Fuuka (Dub) (https://wcostream.cc/m/r0PW) Episode 12

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. The Wild Swans (https://aniwatch.pro/m/YXV8) Episode Full

KissAnime Pbase: https://pbase.com/kissanimemx/profile