November 30, 2021 10:16
Свет

Банки се натпреваруваат за улога во фонд за помош на УЕФА вреден седум милијарди евра

Група финансиски институции се борат да играат водечка улога во фондот за помош во пандемијата вреден седум милијарди евра, формиран од Фудбалската федерација на Европа – УЕФА. Заемодавачите кое се влезени во потесниот избор се тркаат да го исполнат крајниот рок за предлози за обезбедување финансии за клубовите во регионот.

Банките Голдман Сакс и Меквајр и фирмата Аполо се меѓу оние што се натпреваруваат да учествуваат во новата програма за финансирање на клубови креирана од УЕФА, информираа неколку луѓе запознаени со процесот. Парите ќе бидат распределени на врвните тимови кои учествуваат во нејзините натпреварувања, како што е Лигата на шампионите, најпрестижниот клупски натпревар во европскиот фудбал. Друг кредитор кој сакаше да биде дел од фондот беше УниКредит, но лице запознаено со ситуацијата рече дека италијанската банка не влегла во конечниот потесен список на УЕФА по тендерскиот процес, чиј краен рок беше во понеделникот.

Еден банкар запознаен со договорот рече дека Сити разговарала со УЕФА за финансирањето. Сепак, не е јасно дали американската банка наддавала за место во договорот на крајниот ден. УЕФА одби да коментира.

УЕФА бара првично да се соберат две милијарди евра, а со текот на времето ќе се прошири на 6 до 7 милијарди евра. Еден банкар рече дека финансирањето ќе биде „многу евтино” за клубовите, а друг проценува каматна стапка од 2 проценти. Едно лице вклучено во разговорите рече дека УЕФА сака да стави на располагање средства за што е можно повеќе клубови кои учествуваат во нејзините натпреварувања.

Пакетот покажува како спортските лиги и власти се повеќе се свртуваат кон финансиските групи за да го финансираат своето работење, наместо да се потпираат на сопствените независни извори на приходи, како што тоа го правеа со децении.

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, предупреди дека европскиот фудбал се соочува со „нова финансиска реалност” откако годишниот раст е запрен поради Ковид. Пакетот за финансирање, исто така, покажува како властите и организаторите на играта покажуваат зголемена подготвеност да пристапат до финансирање во име на нивните тимови, барајќи подобри услови за заеми и финансирање отколку што клубовите можат да постигнат сами.

Не е јасно дали новото финансирање на УЕФА ќе се собере преку приватно пласирање, издавање заем или обврзници, иако се структурира да биде инвестициски оддел со цел да се добијат пониски трошоци за финансирање на клубовите. Планот е да се воспостави посебен фонд кој ќе се искористи за доделување пари на спортските тимови. Финансиите на европските клубови се уништени од пандемијата, што ги натера да ги затворат стадионите за навивачите или да играат пред публика со намален капацитет, што значи дека пропуштиле приходи од околу девет милијарди евра, според УЕФА.

Ова ги натера организаторите на натпреварите да размислат за поактивна улога во финансирањето. Претходно овој месец, „Фајненшл тајмс” објави дека некои англиски клубови ја повикуваат Премиер лигата да формира фонд од една милијарда фунти до кој тимовите можат да пристапат кога им е потребна готовина. Ла Лига, која раководи со првите две дивизии во Шпанија, постигна договор за инвестиција од 2,1 милијарди евра со приватната фирма CVC Capital Partners, додека Англиската фудбалска лига, која ги води трите дивизии под Премиер лигата, преговараше за пакет финансирање од 117,5 милиони фунти со американскиот осигурител MetLife.

УЕФА се бори против европската Супер лига, која ја предложија Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, заедно со уште девет водечки клубови. Супер лигата се смета за закана за приматот на Лигата на шампионите, која на клубовите учесници распределува околу две милијарди евра во парични награди и приход од емитување. Девет од бунтовничките клубови, вклучително и Манчестер Јунајтед, се повлекоа од концептот, иако Реал Мадрид, Барселона и Јувентус сè уште се посветени на Супер лигата и бараат правна постапка против УЕФА.

WCOStream - Watch anime online, English dub anime

AnimeKisa: Attack on Titan (Dub) anime episode 25 online free at https://animekisa.in animekisatv

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

AnimeDao: Happiness Charge Pretty Cure! anime episode 49 online free at https://animedao.nl god of highschool animedao

Watch SD Gundam Gaiden Episode 4