September 23, 2019 22:32
Магазин

Банка по грешка им префрлила 120 илјади долари, тие сите пари ги потрошиле

Банка погрешно им уплатила 120.000 долари на сметката на брачен пар од Пенсилванија, кои сите пари ги потрошиле. Според полицијата, тие си купувале теренско возило, приколки, тркачки автомобил и други предмети. На пријателите им поделиле 15 илјади долари.

Двојката во Пенсилванија е обвинета за кражба откако потрошиле илјадници долари што една банка погрешно ги префрлила на нивната сметка, пренесува Би-би-си.

Роберт (36) и Тифани (35) Вилијамс не само што ги потрошиле сите 120.000 долари кои по грешка биле префрлени на нивната сметка, туку влегле и во финансиска дупка. Тие треба да платат и 100.000 долари надомест поради пречекорување на дозволениот минус на сметката.

Тие признале дека знаеле дека парите не се нивни. Тие биле префрлени на нивна сметка, место кај инвестициска фирма за која биле наменети. Грешката била забележана 20 дена подоцна и парите се повлечени од нивната сметка, оставајќи огромен минус по тоа.

Според полицијата, Вилијамс веќе потрошил околу 107.000 американски долари пред да се открие грешката. Вилијамс обично имал околу илјада долари на својата сметка.

Нови вести

Ева Meндес сонувала да биде чесна сестра, сега продава костими за капење

zane

Ѕвездата на „Нетфликс“ позитивна на ХИВ, мислел дека има грип

zane

Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс блескаа на доделувањето на наградите Еми

zane