March 2, 2021 18:37
Свет

Балтичките земји бараат санкции за Русија по апсењето на Навални

Литванија, Летонија и Естонија, земји-членки на Европската унија, вечерва повикаа на „воведување на ограничувачки мерки“ против Русија откако лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални е уапсен на аеродромот во Москва.

Ова го објави на Твитер министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

„Бараме тој веднаш да биде ослободен“, објави Ландсбергис, кој оцени дека задржувањето на Навални во притвор е „целосно неприфатливо“.

Литванскиот министер соопшти дека ЕУ треба брзо да реагира, доколку Навални не биде ослободен и дека треба да се разгледа воведувањето дискриминаторски мерки како одговор на, како што рече, „овој бесрамен чин“.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошката контрола по неговото враќање во Русија од Германија, објавија Федералната казнено-поправна служба и неговиот адвокат, а исто така потврдија и очевидци.

Ова е прв пат Навални да се врати во Русија откако наводно беше отруен минатото лето.

 

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://animefreak.ws/m/Gddr) Episode 2 at website https://animefreak.ws animefreaks website

Watch The Quintessential Quintuplets Episode 8 at website https://gogoanime.be gogoanime 17