September 18, 2021 15:58
Култура

Балканскиот танцов проект „Сви марш на плес” на „Охридско лето”

Свежо и иновативно театарско искуство со музиката на „Бијело Дугме” и кореографската поставка на танцовите на Игор Киров вечер е на програмата на Фестивалот „Охридско лето”. Сцената „Долни Сарај” ќе биде исполнета со танц и музика што ги носи претставата „Сви марш на плес”, во измислен свет во кој познатите хитови на култниот екс-ЈУ бенд стануваат основа за приказната за едно време и една генерација.

Tема на повеќето песни на оваа група е љубовта и љубовните односи, од оние кои ги посакуваме до оние кои се живеат, или пак оние кои веќе се на нивниот крај и припаѓаат на носталгична рефлексија на нивните јунаци. Инспирација за атмосферата на претставата е најдена во спотовите на бендот- енергични, разиграни, потполно во духот на светските трендови на тогашната рок сцена. Рок движењето во поранешна Југославија беше симбол на еманципација на младите и на прогресот на општеството, додека пак неговиот предзнак сепак алудира на руралниот контекст на едно општество кое сѐ уште не созреало, но како такво има и свои позитивни страни- чистина и детска наивност. Токму тие позитивни страни се основа за звукот на Бијело дугме кој успешно ги спојува традиционалните елементи со оние современи, препознатливи локални звуци и со алтернативните звуци на рокенролот.

Македонскиот кореограф со меѓународна кариера Игор Киров, ги користи токму омилените и препознатливи мелодии и хитови на Бијело Дугме во креирањето на динамична танцова претстава чие дејствие е сместено во замислена младинска работна бригада кои беа типични за летните работни акции во првата половина на 80-те години на минатиот век. Енергија и предаденоста на танчарите на модерниот балет, во комбинација со музиката на Горан Бреговиќ и креативниот импулс на Киров гарантираат неповторливо естетско доживување.

Во претставата играат Емир Фејзиќ, Зулеја Кечо, Бранко Митровиќ, Лука Живковиќ, Јакша Филиповац, Енди Шроете, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Ана Кузмановиќ.

Почетокот на претставата е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

We Without Wings - More Than 90% Flesh-Toned (Dub) (https://4anime.biz/m/54E6) Episode Full

AnimeTV: Marie & Gali anime episode 40 online free at https://animetv.cc anime tv bleach

https://animefreak.ws watch anime

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

Fliphtml5: https://fliphtml5.com/homepage/gmwhz

Degreed: https://degreed.com/profile/gogoanimebe#/collection