June 19, 2019 03:17
Култура

Балетската претстава „Либертанго“ на 20 јуни во НОБ

Балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола ќе биде изведена на 20 јуни во Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

„Либертанго“ нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореограф: Сабрина Боско (Италија), Режисер и либретист: Наташа Поплавска, Сценограф и костимограф: Александар Ношпал

Настапуваат: Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова, Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Нивес Рего: Марија Кичевска Шокаровска, Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски, Карменсита Калдерон: Наташа Јосифовска, Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска, 3 гангстери и танго-танчари: Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев и Ендру Кук (Англија), Пјацола дете: Марко Здравковски, Пјацола млад: Ендру Кук (Англија), Пјацола стар: Драган Кочоски.

Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и балет.

Нови вести

Јубилејното 40.„Скопско лето” од 19 јуни до 31 јули

Igor

Голем музички концерт во Битола – гостуваат Псохомодо Поп, Ласт Експедишн и Дивље Свиње

zane

Денови на современ мексикански филм од 21 до 25 јуни

zane