December 9, 2018 20:48
Култура

Балетската претстава „Клеопатра“ на репертоарот на МОБ

Во Македонската опера и балет денеска ќе биде прикажана балетската претстава „Клеопатра“ на кореографот Василиј Медведев.

– „Клеопатра“ е грандиозна постановка, разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот кој се уште не е поставен во друг театар во светот, да помине незаборавна вечер во магичниот свет на Римската Империја и танците на антички Египет, соопштија од МОБ.

За балетската претстава, специјално компонираната музика е на авторката Нерија Голдберг од Литванија, сценограф, односно костимограф е Павол Јураш од Словачка, а либретото е на Јана Темиз од Турција.

 

Related posts

„Ловци на вештерки” на филмскиот фестивал Санденс

Igor

Бесплатни часови по балет за деца од социјално загрозени семејства

Filip

30 занаетчии – креативци ќе се претстават денеска на КрафтАРТ Фест

Ivona