September 22, 2019 10:27
Култура

Базар на ракотворци во чест на Денот на македонската независност

Базар на ракотворци организираше денеска здружението „Артикрафт” во соработка со Музејот на Република Северна Македонија во Скопје по повод 8 Септември – Денот на македонската независност.

Музејот оваа етно-културна манифестација „Ракотворци чувари на традицијата  – наше богатство и гордост” ја организира шеста година по ред, секогаш со програма што во фокусот го има етнолошкото богатство.

Според Гордана Митровска од здружението „Артикрафт”, целта на манифестацијата е да се претстават членовите на „Артикрафт” како ракотворци, но и чувари на традицијата и на македонското богатство и гордост.

-Оваа манифестација е етнокултурна, таа покажува дека сите ние го чуваме нашето потекло, нашиот корен, нашата традиција, се потсетуваме на нашите претци. Настанот е доказ и показ кои сме и што сме, вели Митровска.

Таа посочи дека мотото на Здружението е да се сочува нашиот бит, и да го сочуваме занетчиството кое, како што рече, има длабоки траги во нашата држава.

Појасни дека на Манифестацијата може да се забележи производство на разбои како сувенир, изработка на слики и разни мозаици.

-Изработуваме мозаици на стара архитектура од пет, шест градови од Републиката, имаме изработка од филц, изработка на накит кој што ја презентира нашата носија и дел од носија, ќустек, и секако деловите од носијата. Имаме и рачно везени производи, македонска изработка на македонска носија, имаме пирографија од слама, изработка на пирографија, имаме на дрво сликана народна носија од наша уметничка Лидија Манева, појасни Митровска.

Таа додаде дека има и млади лица кои изработуваат накит од дел од носија кои се многу значајни и како што појасни, Здружението секогаш води ред младите да ги поучи и научи да не го заборават она што е дел од носијата, односно да не ги заборават старите изумрени занаети.

На манифестацијата ќе присуствуваат гости од Велес, Кратови и Кавадарци.

Годинава ќе настапат Ансамблот „Македонија”, Виолета Томовска, и фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибања.

Нови вести

„Златна камера 300″ за француската кинематограферка Хелен Лувар

Igor

На ИФФК „Браќа Манаки” доделена награда за најдобар документарен филм

Igor

50 години Светска галерија на карикатури Скопје 1969-2019

Igor