March 8, 2021 13:57
Спорт

Баерн со „крпен“ тим ќе истрча на Олимпико

Актуелниот европски фудбалски првак Баерн Минхен на патот кон одбраната на трофејот на вечерашното гостување против Лацио (21ч.) ќе настапи со „крпен“ состав. Поради повреди и коронавирусот ќе недостуваат дури шестмина кандидати за составот на тим кој ќе истрача на „олимпико“ во Рим. Отсуството на Томас Милер претставува најголем проблем за тренерот Ханс Дитер Флик, кој не може да смета ниту на Гнабри. Ќе недостасува и стандардниот десен бек Павар, а во средниот ред ќе го нема Толисо, за кого оваа сезона е завршена по тешката повреда заработена минатата седмица.

Најавен состави за вечерашните дуели од осминафиналето во ЛШ

Лацио – Баерн (21 ч.)

Лацио: Реина, Патрис, Ачерби, Мусакио, Лазари, Леива, Милинковиќ – Савиќ, Марушиќ, Луис Алберто, Кореа, Имобиле.

Отсутни: Фелипе, Раду. Неизвесен: Стракоша.

Баерн: Нојер, Зуле, Боатенг, Алаба, Дејвис, Кимих, Рока, Горецка, Сане, Коман, Левандовски.

Отсутни: Павар, Милер, Толисо, Гнабри, Коста, Нубел.

Атлетико – Челзи (21 ч.) – се игра во Букурешт

Атлетико: Облак, Љоренте, Савиќ, Фелипе, Хермосо, Лоди, Кондогбија, Коке, Нигез, Феликс, Суарез.

Отсутни: Хименез, Караско, Трипие, Ерера.

Челзи: Менди, Азпиликуета, Зума, Рудигер, Џејмс, Алонсо, Жоргињо, Ковачиќ, Маунт, Вернер, Жиру.

Отсутен: Тијаго Силва.

Watch Your Name. (Dub) Episode Full (https://animeplanet.cc/m/Jnom/ep-1) at website https://animeplanet.cc. See more anime planet apk

Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 10.5 at AnimeTV boruto anime tv