Спорт

Баерн без Левандовски… ПСЖ без Верати, Икарди…

Актуелниот европски првак Баерн Минхен е сериозни проблеми околу составот на тимот за вечерашниот прв четвртфинален дуел со ланскиот финалсист во Лигата на шампионите, ПСЖ. Бундеслигашот ќе биде послаб за својот најдобриот стрелец Роберт Левандовски, а тренерот Флик вчера остана и без помошта на Гнабри, откако офанзивецот доби позитивен резултат на тетирањето за коронавирус. Затоа ќе стартува Чупо Мотинг, кој ќе има можност да се докаже токму против својот поранешен клуб.

Челси комплетен ќе излезе на мегдан против Порто (мечот се игра на неутрален терен во Севилја) откако Канте и Пулишиќ се рехабилитираа од своите повреди.

Најавени состави за вечерашните дуели:

БАЕРН М. – ПСЖ (21 Ч.)

БАЕРН: Нојер, Павар, Зуле, Алаба, Дејвис, Кимих, Горецка, Милер, Сане, Коман, Чупо Мотинг.

Отсутни: Левандовски, Гнабри, Толисо, Рока, Коста.

ПСЖ: Навас, Керер, Маркињос, Кимпембе, Диало, Геје, Ерера, Ди Марија, Нејмар, Мбапе, Кеан.

Отсутни: Паредес, Верати, Бернат, Флоренци, Икарди, Курзава.

ПОРТО – ЧЕЛСИ (21 Ч.)

ПОРТО: Маркесин, Манафа, Мбемба, Пепе, Заиду, Урибе, Грујиќ, Отавио, Корона, Дијаз, Марега

Отсутни: Мбаје, Тареми, Оливеира.

ЧЕЛСИ: Менди, Азпиликуета, Рудигер, Кристенсен, Алонсо, Канте, Жоргињо, Маунт, Вернер, Зијеш, Жиру.

Отсутни: /

WCOStream wcostream dragon ball super: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 10

AnimeDao animedao my hero academia: Watch My Hero Academia 2 Episode 23