Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица – Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер.
„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за повозрасна жена која го оставила куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните“ велат од МВР.
Додека траела проверката вработените на Автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните од страна на бројни полициски сили биле дислоцирани на безбедна оддалеченост.