August 15, 2022 18:49
Спорт

Ајнтрахт Франкфурт го враќа Геце во Бундеслигата

Поранешниот германски репрезентативец и стрелец на победоносниот гол во финалето на Светското првенство 2014 против Аргентина, 34-годишниот Марио Геце се очекува да ги засили редовите на освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт од Франкфурт.

Геце од 2020 година е член на холандски ПСВ со кој го врзува договор до 2024 година, но, според германските медиуми, Ајнтрахт одлучил да плати 4.6 милиони евра, колку што е износот за автоматски да се активира клаузулата од договорот според која Геце може да ја напушти холандската екипа за која одигра 77 натпревари и постигна 18 голови.

Геце настапуваше 11 сезони во Бундеслигата од дебито во дресот на Борусија Дортмунд во 2009 година, а беше член и на минхенски Баерн.

Германскиот офанзивен играч за врска не се појави првиот ден од подготовките на ПСВ, кој во новата сезона ќе го предводи Руд ван Нистелрој, а клубот соопшти дека Геце „добил дозвола за финализирање трансфер во друга екипа”.

Според германските медиуми, Ајнтрахт на Геце ќе му понуди тригодишен договор.

tải sunwin tải sunwin tải sunwin apk

tải sunwin

sunwin club tải sunwin apk sunwin web

sunwin.apk mới nhất tải sunwin sunwin.apk mới nhất

game bài sunwin