August 21, 2019 11:48
Скопје

„Ајде да се дружиме” викендов во Марков манастир

Базар на рачно изработени производи, детска ликовна колонија и повеќе други придружни активности, ќе се одржат утре и задутре во дворот на Марковиот манастир – „Свети Димитриј”.

Во рамки на дводневниот базар насловен „Ајде да се дружиме”, што го организира здружението на граѓани „Марков манастир 1345″, предвидена е и работилница за деца кои ќе се едуцираат за изработка на икони, работа со тесто, декутаж техника, а ќе се организираат и разни игри и други изненадувања.

Освен детската ликовна академија и работилниците за изработка на ракотворби, ХАЕМУС – Центар за научни истражувања и промоција на културата организира едукативна тура: Како да изградиш и како да насликаш своја византиска црква проследено со едукативно предавање од 30 минути, визуелно прилагодено за деца од претшколска и школска возраст.

За сите кои сакаат да учествуваат на базарот со свои ракотворби димензијата на масите е: 0,80х1,35 цена 800 ден, 0,87х1,50 цена 1000 ден, 0,87х2,00 цена1500 ден (цената е за двата дена ) + 250 ден за соба во манастирот, за учесниците, за оние кои имаат потреба од тоа заради превозот. Пријавувањето е на телефоните 078 600 931, 070 445 061. Настаните во двата дена ќе се одвиваат во терминот од 11:00 до 17:30 часот

Нови вести

Објавен јавен повик за учество на 15-та „Бела ноќ”

Daniela

Без струја делови на Карпош, Кисела Вода и Центар

Daniela

Богдановиќ: Во соработка со Град Скопје и ЈП „Улици и Патишта“, од денеска, го реконструираме паркингот кај „Трготекстил“

Filip