June 21, 2021 18:52
Спорт

Ајакс ја стопи сребрената шампионска чинија за да ја подели како ѕвездички на навивачите

Ајакс го стопи сребрениот трофеј што го доби за освојувањето на фудбалскиот шампионат во Холандија. Клубот од Амстердам се одлучи на ваков чекор за да им испрати мала сребрена ѕвезда на сите 42.000 сопственици на сезонски билет, кои поради пандемијата од коронавирусот не им беше дозволено да доаѓаат на стадионот и да ги бодрата своите миленици оваа сезона.

Клубот објави видео од топењето на сребрената чинија, која потоа беше претворена во ѕвездички од 3,45 грама.

-Тие ќе им бидат испратени на навивачите. Сакаме да ги увериме дека и тие се дел од оваа титула. И порано кажувавме „оваа титула е за вас“, а со делењето на трофејот покажуваме дека тоа е навистина така, изјави Едвин ван дер Сар, извршниот директор на Ајакс.

Холандската фудбалска федерација кажа дека ќе му даде друга шампионска чинија на Ајакс за во неговите витрини. Ајакс одигра 30 од 34-те лигашки мечеви пред празни трибини.

AnimeDao assassination classroom animedao: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 3

ANIMEFLIX animeflix i want to eat your pancreas: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 3