December 10, 2022 07:45
Спорт

„Аѕурите“ одат на Ф4 во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Италија се пласираше на Ф4 турнирот во Лигата на нации, откако славеше на гостувањето кај Унгарија со 0:2. Џакомо Распадори во 27. минута донесе водство, а Федерико Димарко во 52. минута беше стрелец на вториот гол за „аѕурите“.

Англија и Германија ремизираа 3-3 на „Вембли“, па домаќинот се сели во Лигата Б.

Стрелец на првиот гол за Германците беше Илкај Гундоган во 52. минута. Каи Хаверц во 67. минута зголеми на 0:2, но Лук Шо и Мејсон Маунт израмнија на 2:2.

Англија преку Хари Кејн дојде до 3:2, но Германците се спасија од пораз со вториот гол на Каи Хаверц.