January 26, 2021 17:47
Македонија

Ахмети за Заев: Jа ризикува својата политичка кариера со најдобра намера за земјата

Според првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, со интервјуто за БГНЕС премиерот Зоран Заев дава лична жртва.

Тој денеска даде свое видување за интервјуто кое многумина го критикуваа.

„Верувам дека ова е ризик и лична жртва на Заев, кој ја ризикува својата политичка кариера да ги каже работите така директно, со најдобра намера за земјата, државата и нашите граѓани“, рече Ахмети.

Вели дека Албанците се солидаризираат со Македонците околу ова прашање и наведува дека тие никогаш ништо не спореле.

„Во оваа ситуација, ние секако ќе се солидаризираме со нашите македонски сограѓани и никогаш не сме спореле за ништо, било за јазикот или историјата, затоа што нашите судбини биле исти, окупаторите ни беа исти и жртвувањата ни биле заеднички, заеднички да бидеме слободни во овие простори“, рече Ахмети.

Вели дека е потребно да се најде решение што побрзо, но без влијание на емоциите, туку со разум. Се надева дека Бугарија ќе покаже рационалност.

Во интервјуто Заев кажа дека Бугарите во Македонија биле администратори, нешто со што многумина не се согласуваат и го сметаат за извртување на фактите.

Watch Rascal Does Not Dream of a Dreaming Girl Episode Full (https://kissanimeonline.com/m/P2l1/ep-1) at website https://kissanimeonline.com kissanime real website

Watch Log Horizon: Destruction of the Round Table Episode 1 at website https://animeflix.nl animeflix boruto