October 15, 2019 12:02
Македонија

Ахмети: Владеењето на правото, наш приоритет

Прашањата поврзани со тековните реформи, тековните политички случувања, успехот во владеењето на правото, добивањето датум за преговори и случувањата во регионот беа дел од темите на кои разговарале претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и францускиот амбасадор во нашата земја, Кристијан Тимоние.
Лидерот на ДУИ го уверил амбасадорот дека ќе ги продолжи своите напори за исполнување на барањата и критериумите, кои ќе го отворат патот на Северна Македонија кон европската интеграција.
Двете страни, како што соопштуваат од ДУИ, се согласиле дека билатералните состаноци помагаат и придонесуваат за зајакнување на билатералните врски.

Нови вести

Учество на МНР Димитров на состанок на ПЕС со Министри од земји-членки на ЕУ

zane

Демократски сојуз: Македонија не може да ги разреши проблемите на ЕУ

zane

Ја зголемивме поддршката за најранливите, создаваме подобра перспектива за сите

zane