August 2, 2021 20:19
Економија

Африканска чума кај свињите: кампањата на EFSA се проширува во нови земји

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) ги засилува своите напори да го запре ширењето на африканската чума кај свињите во Европа со проширување на својата кампања во уште девет земји.

Минатото лето, EFSA започна голема кампања за подигнување на свеста за болеста во југоисточна Европа. Кампањата беше спроведена во партнерство со локалните власти во земјите што сочинуваат „регион за загриженост“ – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија – поради нивната близина со земјите каде што е присутна африканската чума кај свињите.

EFSA сега ја проширува кампањата – првенствено насочена кон земјоделците – на Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија.

 Николаус Криз, раководител на Единицата за здравје на животни и растенија на EFSA, изјави: „Како научна организација, работиме неуморно на давањето проценки и препораки што можат да им помогнат на земјите зафатени од африканската чума кај свињите, за да ги заштитат своите животни и економии.“

„Минатата година решивме да се насочиме во таа насока и да прикажеме дека EFSA е посветена кон помагање на земјоделците и другите што живеат во сенка на оваа страшна болест. Кампањата беше добро прифатена во првата фаза на земји и сега одиме понатаму со нашата порака за откривање, спречување и пријавување.“

Кампањата ги надополнува тековните напори на Европската комисија и на другите меѓународни организации, насочени кон искоренување на болеста во Европа.

Што е африканска чума кај свињите?

Африканската чума кај свињите (ASF) е вирусно заболување што влијае врз домашните и дивите свињи. Вирусот е безопасен за луѓето, но предизвика значителни економски нарушувања во многу земји. Не постојат вакцини, па епидемијата во зафатените области може да наметне колење на голем број свињи кои што се чуваат на фарми.

Цели и засегнати страни

Кампањата има за цел да ги подигне свеста и разбирањето за африканската чума кај свињите во сите 18 земји и е насочена кон групи луѓе и поединци, кои стапуваат во контакт со домашни и диви свињи, особено кон одгледувачите на свињи. Истата се спроведува со непроценливата помош од локалните ветеринарни организации, земјоделски здруженија, ловечки здруженија, граничната полиција и други релевантни тела.

Откривање, спречување, пријавување

Поради тоа што епидемијата на африканската чума кај свињите може да има такви разорни последици, откривањето, спречувањето и пријавувањето се клучни ако сакаме да ја искорениме оваа болест. Ова се клучните зборови на кампањата.

Ширењето на клучните пораки ќе биде дополнително реализирано со споделување табели со факти, инфографици, објави на социјалните медиуми, како и други материјали. Дознајте повеќе на интернет-страницата на кампањата: www.efsa.europa.eu/StopASF

Website https://animebee.to: Watch anohana: The Flower We Saw That Day animebee Episode 11 free anime

AnimeDao: Yurumates 3D OVA anime episode 2 online free at https://animedao.nl animes online

4Anime: Deca-Dence (Dub) anime episode 12 online free at https://4anime.biz bleach 4anime

Osf: https://osf.io/j4mdg/

Plurk: https://www.plurk.com/animeflixnl

Visual: https://visual.ly/users/gogoanimeentity/portfolio