December 6, 2022 21:32
Македонија

Аферата Броило тешка 26 милиони евра покажаа дека постои соларен картел составен од Ковачевски и неговиот кум кој заработува милиони од тендери – ќе се обелоденат нови фрапантни информации

Аферата Броило тешка 26 милиони евра ја извади на виделина вистината за соларниот картел составен од Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов. Ковачевски е основач на компанијата Пиксел  груп заедно со неговиот кум, а овој пак е сопственик на КМГ ЕОЛ Квазар. И двете компании се основата на соларниот картел кој го врти милионското броило.

 
Додека граѓаните едвај врзувааат крај со крај од кризата, броилото на Ковачевски вртело милиони. Преку КМГ ЕОЛ Квазар, откако е СДС  на власт се земени над 4 милиони евра државни тендери од јавни претпријатија и општини и од ЕВН каде бизнисот е добиен откако Ковачевски добива функција.
 
Наместо Ковачевски да дезертира и да бега од клучните одговори траба јасно и гласно да каже:
1. Дали е основач на фирмата Пиксел груп, која е централен дел од аферата „Броило”?
 
2. Дали фирмата КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски има добиено скоро 2 милиони евра државни тендери додека СДС е на власт?
 
3. Дали КМГ ЕОЛ Квазар на кумот на Ковачевски склучила договор од 2 милиони евра  со ЕВН, откако тој добива функција?
 
Јавноста чека одговори. Треба да се знае кои фирми профитирале во време на кризи, додека 12 илјади други компании ставија клуч на врата, додека граѓаните плаќаат поскапа струја и едвај успеваат да обезбедат леб за своите семејства. 
 
На прес конференција ВМРО-ДПМНЕ ќе обелодени нови фрапантни информации за овој скандал