August 13, 2022 16:53
Македонија

АУЕ – ФОН организираше донација на книги за СОС Детско Село

Американскиот универзитет на Европа – ФОН заедно со издавачките куќи „Литература“, „Тримакс“ и „The English Centrе“ донираа книгии школски приборнаСОС Детско Село. Со донацијата се збогатува фондот на библиотекатаво СОС Детско Село со нова литература на македонски и англиски јазик, прилагодена на возраста на децата без родители и родителска грижа.

Оваа активностпроизлегува од идејата на Американскиот универзитет на Европа -ФОН за пополнување на времето на децата со квалитетни едукативни активности во текот на летниот распуст,имајќи го предвид фактот дека читањето на книги од најрана возраст ги подобрува когнитивните способности кај дечињата, ја будат нивната креативност и ја зголемуваат љубопитноста, со што стануваат помудри и подготвени за различни предизвици во животот.

Донацијата на книги е организирана по повод одбележувањето на  23 јуни, денот на Херман Гмајнер, основачот на СОС Детските Села.

Покрај донацијата на книги, Американскиот универзитет на Европа – ФОН со дел од наставниот кадар од Факултетот за дизајн и мултимедија организираше и детска работилница, во чии рамки дечињата од СОС Детско Село имаа можност да гледаат кратки анимирани и инспиративни цртани филмови, да се дружат, забавуваат и креативно да се изразат преку цртежи.