June 28, 2022 14:43
Спорт

Атлетичарите Поп Арсова и Илиевски ги подобрија македонските рекорди во маратон

Атлетичарите од АК „Делта” од Скопје, Адријана Поп Арсова во женска и Драган Ивановски во машка конкуренција постигнаа нови македонски рекорди во маратон, кои и досега беа во нивна сопственост.

Двата рекорди беа соборени на вчерашниот маратон чиј домаќин беше данскиот главен град Копенхаген.

Ивановски на својот 25. роденден ја истрча маратонската делница од 41,2 километри за 2:18,12 часа, што е за повеќе од три минути подобро време од неговиот стар државен рекорд (2:21,27 часа) остварен на ланското издание на Скопскиот маратон.

Нов рекорд во Копенхаген истрча и Адријана Поп Арсова, со време од 2:35,29 часа, или пет минути побрзо од нејзиното претходно рекордно остварување, 2:40,36 часа, исто така, лани на Скопскиот маратон.

go88 là trò gì go88 quay hu Chơi ngay Game Bài Go88 có tặng code tân thủ 2022

SunWin - Cổng Game Quốc Tế game sunwin bị sập sunwin máy chủ đặt ở đầu