January 27, 2022 06:22
Спорт

Атлетико Мадрид во осминафинале, Милан остана без пролет во Европа (ВИДЕО)

Шпански Атлетико Мадрид успеа да обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите и вечерва го победи Порто со 3-1 во темпераментниот меч со два црвени и четири жолти картони, а вториот најтрофеен европски клуб Милан остана без пролет во Европа после домашните 1-2 од англискиот великан Ливерпул, во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

На Милан му требаше победа и реми во Порто, а на „змеовите“ или триумф или реми и помош од Ливерпул, но од сѐ на крајот искористи Атлетико, кој со два гола во завршницата стигна и до преубедлива победа против португалскиот првак.

Ентоан Гризман со голот после корнер и лошата дефанзивна поставеност на фудбалерите на Порто ја најави победата, погодувајќи во 56-та минута, по што нервозата влезе во португалскиот тим, па следеа исклучувања прво за Караско (67.), па за Вендел (70.) и кога Порто тргна на сѐ или ништо, зашто гол за израмнување ги водеше во осминафиналето, им се случи потоп. Прво Анхел Кореа во 90-та, па Родриго Де Пол во 90+2-та минута погодија за конечни 3-1 и осминафинале на мадридските црвено-бели, откако Сержо Оливеира во 90+5-та минута даде почесен гол.

Ливерпул, пак, кој од поодамна беше пласиран одигра спортски и го победи Милан, иако „росонерите“ први поведоа преку Томори во 29-та минута, но седум минути потоа Мохамед Салах израмни, а Дивок Ориги во 55-та ги расплака и веќе беше јасно дека миланезите немаат сила да направат пресврт за победа. Плус информациите од Порто не им одеа во корист после водството на Атлетико, па на крај како последни ја завршуваат групата и на пролет нема да играат во Европа, па ќе може да се сконцентрираат на битката за „скудетото“ во Италија.

Најтрофејниот европски гигант Реал Мадрид го завери првото место и улогата на носител за осминафиналната ждрепка за пролетното прво елиминациско коло после вечерашната победа со 2-0 во дербито на групата против Интер на „Сантјаго Бернабеу“.

Тони Крос со прекрасен гол од 20-на метри го најави триумфот на „кралевите“, а Марко Асенсио на 11 минути пред крајот ја завери победата за шпанскиот великан како првопласиран да оди во осминафиналето и со тоа барем во првата фаза да ги избегне Баерн Минхен, Манчестер сити, Ливерпул од групата на носители, но секако може да добие тешки ривали како ПСЖ во првата фаза од пролетните елиминации.

Во групата во која сѐ од претходно беше решено, Ајакс со максимални 18 бода и шеста победа ја заврши групната фаза после триумфот со 4-2 против Спортинг Лисабон, додека Борусија Дортмунд со 5-0 го торпедираше Бешикташ со по два гола на Марко Ројс и Ерлинг Браут Халанд.

ГРУПА Б

Милан – Ливерпул 1-2, Порто – Атлетико Мадрид 0-1

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Ливерпул 18, Атл. Мадрид 7, Порто 5, Милан 4

ГРУПА Ц

Ајакс – Спортинг Лисабон 4-2, Борусија Дортмунд – Бешикташ 5-0

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Ајакс 18, Спортинг Л. 9, Борусија Д. 9, Бешикташ 0

ГРУПА Д

Реал Мадрид – Интер 2-0, Шахтер – Шериф 1-0

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Реал Мадрид 15, Интер 10, Шериф 6, Шахтер 4

anime website. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

To Your Eternity Episode 12

watch anime free That Time I Got Reincarnated as a Slime

sites to watch anime AnimeDao WONDER EGG PRIORITY

AnimeDao Fairy Tail (Dub) Episode 175

anime stream AnimeDao DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO