October 22, 2020 05:56
Магазин

Атиџе се онесвестила на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020″

Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја” што беше номиниран за два оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје. Таа за време на церемонијата на отворање се онесвести.

Фестивалот се одржува на улица „Македонија”, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните.

По воведното обраќање на претседателот на пчеларското здружение „Матица”, Венче Билбиловски, кое е и организатор на манифестацијата, Атиџе беше на крај претставена по министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ,  но изнуди бурен аплауз.

Таа изгубила свест за време на говорот на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа и на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Веднаш била повикана Брза помош и во моментов лекарите ѝ ја даваат потребната нега.