September 25, 2020 14:30
Хроника

Атиџе моли за помош, бара спас од насилниот сосед

Ве молам помогнете ми некако, многу сум ислашена и вака веќе не можам да живеам, моли хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, преку порталот ММС.мк, која со години има проблеми со соседот.

-Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо, вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.

Таа вели дека го пријавувала соседот во полиција досега многу пати, но дека полицијата доаѓала и само го опоменувала.

-Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне. Од ден на ден е сѐ полош и полош, вели за ММС.мк, Атиџе низ солзи.

Поврзани вести

Огнен Неделковски: Кога син ми ќе направи песна што не ми се допаѓа му велам дека јас сум само обичен текстописец

Valentina

Шема директор на ПИОМ, Колемишевски на Пошта

Filip

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Igor