August 7, 2020 16:34
Балкан

Атина го доби Меморандумот меѓу Турција и Либија, но не од либиска страна како што побара

– Содржината на текстот е спротивна на одредбите на меѓународното поморско право, кажаа грчки дипломатски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА, во однос на Меморандумот меѓу Турција и Либија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации конкретниот договор за морските зони, стигнал до Министерството за надворешни работи на Грција, но не од страна на Либија како што беше побарано од Атина.

За потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу Турција и Либија, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас минатиот четврток, во грчкото МНР го повика турскиот амбасадор и побара објаснувања од него.

Ден подоцна беше повикан и амбасадорот на Либија од кој било побарано да ја соопшти содржината на меморандумот, а во спротивно ќе биде донесена одлука за негово протерување од Грција.