April 15, 2021 01:42
Спорт

Ателтико во Букурешт ќе го нагости Челзи, а Баерн гостува на „Олимпико“ во Рим

Со денешните и утрешните, по два натпревари, ќе биде комплетирана првата рунда од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите. Поради здравствено-безбедносните мерки во битката со пандемијата предизвикана од коронавирусот шпанскиот Атлетико Мадрид ќе го пречека англискиот Челзи на неутрален терен во Букурешт, а Лацио на „Олимпико“ во Рим ќе му биде домаќин на актуелниот европски првак Баерн Минхен, на денешните средби кои почнуваат вечерва од 21 часот. Утре во итиор термин се среќаваат: Аталанта – Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити.

Лидерот во шпанското фудбалско првенство Атлетико Мадрид на последните натпревари не е во поскауваната форма. За избраниците на тренерот Диего Симеоне оваа пресметка доаѓа во незгоден момент кога Челзи предводен од новиот тренер Томас Тухел се извлече од кризата. Лондонските „сини“ играат многу подобро и под водство на новиот стратег немаат пораз, четири победи во Премиер лигата, двапати ремизираа, а имаат и еден триумф во ФА купот за пласман во четвртфиналето.

Поради повреди за тимот на Атлетико нема да конкурираат за составот Караско, Хименез, Херера, Трипиер и Врсаљко, а кај англискиот премиерлигаш ќе недостасува Силва.

Баерн нема победа од Светското клупско првенство  (11 февруари), потоа следуваа изненадувачкото реми дома со Арминија (3:3) и поразот на гости кај Ајнтрахт (2:1) во Бундеслигата.

Римските „небесно-сини“ се засега „далеку“ од трката за Скудетото во Италија, но имаат сериозни амбиции и следната сезона да бидат дел од елитното европско натпреварување. Италијанците нема да може да сметаат на Луиз Фелипе, Раду и Стракоша за првите 90 минути со баварскиот гигант кој пак има доста поголеми проблеми. Во бундеслигашот позитивни на ковид-19 се Милер и Павар, а на повреди се жалат Коста, Гнабри, Куаси, Нубел, Тилман и Толисо.