December 9, 2018 20:48
Македонија

Атанасовски сведочи во Кривичен за случувањата од 27 април

Атанасовски сведочи во Кривичен за случувањата од 27 април

Во Кривичниот суд попладнево за случувањата од 27 април лани во македонското Собрание сведочи поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, кој е спроведен од притвор.

Сведочењето на Атанасовски следи откако судот ги прифати предложените сведоци од одбраната на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.

Атанасовски рече дека со Нинџа се познава од терената околу две ипол години, односно недела до две пред да стане директор на УБК. Во однос на тоа дали Нинџа бил вработен во службата, Атанасовски се повика на тајност.

На прашање од обвинетиот Никола Митревски-Кољо дали на 27 април контактирале, Атанасовски рече дека не може да се сети.

Одговарајќи на прашање од Судот, Атанасовски кажа дека на 27 април лани бил на работа до 18:30 часот, по што отишол на кафе во центарот на градот, па на ракомет и не може точно да се сети во кое време каде бил. Судијката Кацарска, по ова го праша како може да бил директор на УБК, а да не знае каде бил на 27 април 2017 година, кога се случи тоа што се случи, по што Атанасовски рече, тоа би требало повеќе да знаат лицата од неговото обезбедување.
За случувањата на 27 април дознал кога веќе топлата влегла во Собранието.
– МВР формираше кризен штаб за протестите „За заедничка Македонија” и УБК постапуваше согласно изработената оперативна акција и за тоа има телеграми, рече Атанасовски.

Related posts

Денеска ќе се оствари телефонскиот разговор Заев – Ципрас, најавуваат грчките медиуми

24info

Јавна расправа во Собранието за загадување на воздухот

Ivona

Меѓународниот Ден на лицата со попреченост обележан во неготинска „Порака”

Valentina