July 26, 2021 02:26
Македонија

Асоцијацијата „Паблик“ објави јавен повик за тренинг програма на социјални ментори за работна интеграција

Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) – Во тек е јавен повик за социјални ментори за работна интеграција, чија едукативна програма е верификувана од страна на Центарот за образование на возрасни. Северна Македонија и регионот, по шестмесечна едукација ги доби првите десет социјални ментори, чија главна цел е насочување во професионалниот и личен развој на ранливите лица. Рокот за пријавување е до 11 јули 2021 година, информира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.

– Маргинализираните групи сограѓани отсега ќе може да бидат зајакнати со вештини и знаење кои ќе им овозможат поподготвени да влезат на пазарот на трудот, и со тоа да водат самоопределен и финансиски независен живот. Нивните капацитети ќе бидат поддржани со улогата на новопрепознатото занимање во земјава, ментор за работна интеграција, чија едукативна програма е верификувана и од страна на Центарот за образование на возрасни, велат од „Паблик“.

Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“ вели дека спроведените состаноци со бизнис секторот, институциите и граѓанскиот сектор во текот на минатата година покажаа дека професијата ментор за работна интеграција станува неопходност на патот кон создавање инклузивни работни места.

– Предизвиците што го оневозможуваат влезот на маргинализираните лица на пазарот на труд се бројни и доаѓаат и од поединецот, и од микросредината и од макросредината. Надминувањето на овие бариери на сите нивоа е паралелен процес, но, се случува најмногу да заглавиме на крутиот, нефлексибилен систем, а сето ова прави и негативно влијание на резултатите што сме ги постигнале на лично ниво кај тешковработливото лице и на резултатите во неговата микросредина којашто е исклучително важно да е поддржувачка, објаснува Илијевски.

Аплицирањето за јавниот повик е достапно на следниот линкки/дма/

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD. Kyokou Suiri 2nd Season Episode Preview

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. Appleseed (Movie) (Dub) Episode Full

ANIMEFLIX Watch english anime Online in HD for FREE. Monthly Girls' Nozaki-kun Episode 12

KissAnime Provenexpert: https://www.provenexpert.com/kissanimemx/