December 1, 2020 10:11
Економија

Асоцијацијата за е-трговија спроведува анализа за напредокот на е-трговијата во земјава

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со израбoтка на  сеопфатна годишна анализа за напредокот на е-трговијата во нашата земја. За таа цел изработен е прашалник за онлајн купување, наменет за сите оние кои купиле/ платиле/ нарачале барем еднаш онлајн. Врз основа на дадените одговори во прашалниците, ќе се носат заклучоци и препораки за понатамошен развој на е-трговијата во земјава.

Целта, како што информираат е да земеат предвид што повеќе искуства на домашните купувачи, за да им помогнат на новите е-трговци од 2020 година чиј број е 203, заклучно со 30јуни 2020 и постоечките 1022 е-трговци  заклучно до 31 декември 2019), за да ги подобрат услугите што ги нудат на домашниот пазар, а ова е многу значајно, со оглед на тоа што е-трговијата во нашата земја доживеа огромен раст, особено од почетокот на ситуацијата со Covid-19.
Прашалникот ќе биде активен заклучно со петок, 30 октомври, до крајот на денот, а може да се отвори на следниот линк .
Прашалникот се пополнува за неколку минути, а Асоцијацијата обезбедува и 30 награди по случаен избор за оние кои што ќе ги остават своите контакт податоци на крајот на прашалникот.