October 1, 2022 14:22
Економија Македонија

АСОМ донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во сообраќајната несреќа во Бугарија

– Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) донира 600.000 денари за семејствата на настраданите и повредените патници во трагичната сообраќајна несреќа кај Струма, во Република Бугарија.

Согласно одлуката на членките на АСОМ, паричните средства ќе бидат префрлени на сметката на Црвениот Крст, кои организацијата ќе ги распредели на повредените патници и семејствата на настраданите, државјани на Република Северна Македонија.

„Со длабоко жалење ја примивме веста за трагичната сообраќајна несреќа која се случи кај местото Струма, во Република Бугарија, во која животот го загубија наши сограѓани, а неколкумина се повредени. Загубата на човечки животи е ненадоместлива, но како  организација, која во многу наврати ја покажала својата општествена одговорност, веднаш и без двоумење одлучивме да обезбедиме помош на оние на кои, во овие моменти, помошта им е навистина потребна. Изразуваме благодарност до Црвениот Крст кој и овојпат логистички ќе ја поддржи нашата донација и ќе овозможи паричните средства да бидат распределени до сите семејства на настраданите, како и до повредените патници кои се државјани на нашата земја.“ –  истакнуваат од АСОМ.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата.

За потсетување, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија неодамна донираше по 60.000 денари на семејствата на настраданите во пожарот во тетовската болница, а во 2019 година Асоцијацијата донираше парични средства за семејствата на  настраданитекако и за повредените патници во сообраќајната несреќа која се случи кај селото Ласкарци.