December 3, 2022 11:13
Спорт

Асенсио и Маријано на лето бесплатно ќе го напуштат Реал

Марко Асенсио ќе го напушти Реал Мадрид, додека Карим Бензема и Тони Крос најверојатно ќе останат во клубот. Договорите на седум од 23 играчи на тимот истекуваат во летото 2023 година.

Во оваа насока, Реал Мадрид планира во блиска иднина да започне со потпишување нови договори со играчи. Играчите со истечен договор се најдоа во различни ситуации. Додека Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос можат речиси сами да одлучат дали ќе потпишат нов договор, другите играчи се во поинаква позиција.

Како што е наведено во „Ас”, продолжувањето на договорите со Бензема и Крос е речиси загарантирано. Играчот од средниот ред Марко Асенсио и напаѓачот Маријано Дијаз дефинитивно нема да останат во Реал Мадрид.

Веќе се водат преговори со Начо за продолжување на договорот за сезоната. Прашањето за иднината на Дани Себалос се уште не е решено, Реал се уште не му понудил нов договор.