Европските земји се обединети во поддршката на Украина да ѝ се даде статус на кандидат за членство во Европската Унија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.
„Работиме за да можеме да му докажеме на Путин дека Украина ѝ припаѓа на Европа, дека ќе ги браниме вредностите што Украина ги брани“, изјави Аселборн за новинарите пред состанокот со другите министри на ЕУ.