April 19, 2019 22:52
Свет

Асанж доби делумен пристап до интернет

Еквадор повторно овозможи делумен пристап до интернет за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој повеќе од шест години се наоѓа во зградата на амбасадата на таа земја во Лондон.

Оваа информација ја соопшти неговата страна и адвокатот на Асанж, Грег Барнс.

Комуникацијата со светот на Асанж му беше прекината во март бидејќи, како што тогаш соопштила Владата на Еквадор, тој на социјалните мрежи разговарал за прашања што би можеле да нанесат штета на дипломатските односи на таа земја, а меѓу кои беше и дипломатската криза меѓу Лондон и Москва, како и сепаратизмот во Каталонија.

Нови вести

САД повикаа земјите да не дозволуваат прелети на руски авиони со дестинација Венецуела

Filip

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

Filip

Филипини: Пет лица распнати на крст во ритуал за одбележување на Велигден

Filip