July 23, 2021 22:12
Македонија

Арсовски: Џолев има рок до вторник да поднесе иницијатива за разрешување на Сандев – следуваат кривични пријави

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Иван Џолев 5-ти ден по ред молчи за противзаконското делување и постапување на поротникот Митко Сандев. Митко Сандев има полни 60 години и согласно одлуката на Уставен Суд од 2007 година, но и Член 80 од Закон за Судови, кој јасно кажува дека судија поротник со навршени 60 години мора да биде заменет со друг судија поротник во Републичкиот судски совет.

Дополнително, Иван Џолев или Митко Сандев, сокриле дека судијата поротник Митко Сандев на кој треба да му прекине мандатот, е член на партиско тело од Партијата на пензионерите, што е уште една причина да се постапи со менување на нов судија поротник.

Согласно законот за кривична постапка, судија поротник не смее да биде член на политичко тело или партија, од едноставна причина затоа што може да одлучува пристрасно. Дотолку што партијата во која членува Митко Сандев е во колиација со СДСМ и со власта.

Иван Џолев има време до вторник да постапки согласно законот и да поднесе иницијатива до Републички Судски Совет за прекин на мандатот на судијата поротник Митко Сандев. Бараме да биде заменет со друг, за да може текот на случајот да продолжи непречено и непристрасно.

Доколку Иван Џолев не постапи по законот и не пушти до вторник иницијатива до Републички судскиот совет ќе биде поднесена кривична пријава и за него, но и за Митко Сандев. Целиот овој суд на Иван Џолев кој следи наредби од Зоран Заев е крајно пристрасен во постапувањето по овој предмет и не ги почитува законите. Иван Џолев и Митко Сандев имаат избор, или да бидат слуги на Зоран Заев и неговата неселективна правда или да го почитуваат законот.

Ако се одлучат за првото, набрзо ќе сносат и кривична одговорност, во вторник, ако се одлучат за второто, ќе покажат дека овој Суд има барем малку капацитет за фер судење и почитување на законите. 

https://animefreak.ws vinland saga animefreak. Watch TenjhoTenge: The Past Chapter Episode Full

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Z/X: Ignition Episode 12

Watch anime online for free at AnimeDao animedao food wars. THE [email protected] CINDERELLA GIRLS Theater (https://animedao.nl/m/X4r2) Episode 13

KissAnime Fileforum: https://fileforum.com/profile/kissanimemx