April 2, 2020 19:02
Македонија

Арсовски: Шекеринска призна дека платиле многу повеќе-каде завршиле 250 000 евра?

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска не негираа дека ги преплатиле двете машини грејдери за сума повисока од 150% од нормалната. Под изговор дека навистина била повисока цената на машините, но министерството и Шекеринска биле транспарентни, Шекеринска и одбрана потврдија дека проневериле над 250 000 евра. Нас искрено ни е жал што ви го обзнанивме во јавност и овој бонбона бизнис, но сепак се работи за парите на граѓаните и се додека вие чепкате од парите на граѓаните, ние ќе обзнануваме.

Министерството за одбрана и Радмила Шекеринска од српската фирма „Корковадо“ набавиле 2 машини грејдери од кинеско производство за потребите на Армијата на Република Македонија во вредност од 464 853 евра, додека пак истата фирма „Корковадо“ истиот грејдер на српска институција го  продава за 108 000 евра по парче.

Очигледна е разликата од над 250 000 евра во набавката на двата грејдери каде што Радмила Шекеринска и министерството за одбрана ги имаат преплатено машините.

Еве јавно упатуваме прашање до Радмила Шекеринска, а граѓаните нека ценат.

Бидејќи Шекеринска од уста не ги извади НАТО стандардите, кои веруваме дека не ги погледнале во СДСМ, прашуваме дали и оваа набавка е согласно НАТО стандардите?

Дали е согласно НАТО стандардите да се набават овие две машини од кинеско производство за цена повисока 250 000 евра од основната на кинеската компанија?

Не, нормално дека ова не е согласно НАТО стандардите, како и целото раководење на Армијата на Република Македонија.

Затоа, бараме, од надлежните институции, да го истражат овој случај детално, Јавното обвинителство да отвори истрага и да видиме во чии џебови завршиле над 250 000 евра.

Почитувани обвинители,

Охрабрете се, не се плашете, затоа што вака ако молчите станувате  соучесници.

 

Оваа Влада на Зоран Заев се покажа како најкриминална до сега и како Влада која за само 3 години успеа да опустоши, колку што не опустоши и целата  транзиционата Влада на СДСМ во 90тите години.

Одговорност мора да има и ќе има по 12 април.