January 28, 2022 10:34
Македонија

Арсовски: ФИТР нека го поддржат стопанството и младите научници иноватори, а не да даваат грант од 2.400.000 денари за рецепт за пица што го има на Гугл

СДСМ никако не разграничи изминативе четири години што е иновација, а што е залудно трошење пари по нивни партиски пријатели и другари.

Фондот за иновации чија основна работа е поддршка на иновации, наука и слична работа, не работи во ни малку сличен капацитет и насока за тоа што е создаден.

СДСМ не ја научија лекцијата и после сите оние скандалозни конкурси, но што е тоа е. Таков им е поривот и тоа им е начинот на функционирање.

И замислете, во криза во каква што се наоѓаме во моментов, СДСМ и Коста Петров наместо да работат за тоа што се платени, тие бараат рецепти за пица од старите римјани што потекнувале пред 2.000 години, за да ги поддржат со грант. И за таа пица, за таа рецепта на одредена фирма од Гостивар од каде што потекнува Коста Петров доделува грант од 2.400.000 денари, само за некоја фирма од Гостивар да ја примени рецептата старата тајна на римјаните од пред 2.000 години за правење пица. И додека над 2.400.000 денари ги доделуваат за грант за рецепта за пица како да е најголема иновација, истата таа рецепта можете да ја најдете на десетици пребарувачи на интернет. На Гугл да пишат одма ќе им излезе. Единствено е можно да ја пробал Коста Петров, па затоа да ја поддржал. Друго објаснување нема. Ова е најскапата рецепта за пица што е платена во Република Македонија и што воопшто историјата ја познава.

И додека не научија дека рецептата за успех и помош на стопанството не е да се дели пари на блиски партиски луѓе на СДСМ, низ социјалните мрежи веќе кружи и може да се види дека грант добил и човек близок до структурите на СДСМ од кои што потекнува од Струмица, одреден Миле Милановиќ близок до семејството Заеви.

Овој човек кој бил низ сите партиски тела во СДСМ, кој важеше за многу близок до семејството Заеви, овој пат од фондот за иновации го поддржал со 2.900.000 денари грант преку фирмата Грин Футур за некој си смарт-технолошки систем кој веќе е виден и функционира во многу земји како што може да се види во написите на социјалните мрежи.

И повторно на СДСМ не им доаѓа памет. Фондот за иновации со последни сили го користат за поддршка на нивната партија на нивните луѓе, за поддршка на проекти кои немаат врска ама баш никаква врска со иновации и проекти кои им се важни само за луѓето од СДСМ.

Сите се сеќаваме колку десетици милиони евра имаат испумпано од Фондот за иновации изминатите години. Секој нареден повик и доделување средства е без доверба кај граѓаните и окарактеризиран како залудно трошење на пари и испумпување пари, само заради овие работи кои што ги наведов погоре. Затоа треба и потребна е ревизија од стручна фела и експерти и наместо да пронаоѓаат стари рецепти од римјаните што не им е работа нека отворат на Гугл има се. Туку нека се фатат здраво за работа и нека го поддржат стопанството и младите научници иноватори кои што чекаат поддршка од државата, а ја немаат.

Иновација не е поддршка на близок човек од интерес, иновацијата има сосема друго значење. А, деца иноватори во Република Македонија има многу кои што не можат ниту да стигнат до Фондот за иновации.

Ова е само залудно трошење пари за вакви проекти со нула резултат.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

AnimeFreak One-Punch Man Episode 3

online anime The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

free anime online Naruto: Shippuden

anime stream To Your Eternity