Скопје

Арсовски: При активен договор за местење лед светилки од 1.7 милиони евра, Георгиевски склучил 2 нови за одржување на старите светилки во вредност од 4 милиони денари

Пред да ги претставиме тендерите и договорите за денес кои што треба да ги видат граѓаните на тема Гази Баба и јавно осветлување, уште еднаш да ги повикаме институциите да направат ревизија на овие договори кои што ги презентиравме во претходните два дена.

Реакцијата на СДСМ и претходниот градоначалник Борис Георгиевски во Гази Баба, ја знаевме однапред што ќе биде и нема одговор уште една зошто милиони евра се дадени за улично осветлување, а Гази Баба не беше средена по однос на тоа прашање.

И кога веќе Борис Георгиевски има прашања и недоумици за сопственото работење, бидејќи му се нејасни реакциите, никој не може да каже што сака да каже денеска ќе му поставиме уште  неколку прашања.

Она што е важно е дека градоначалникот Борис Георгиевски од СДСМ, откако склучил договорот за паметно осветлување во висина од 1,7 милиони евра со ДДВ кој што го презентиравме вчера, по исплаќање на авансот од 340 илјади евра, кој што беше исплатен во првите десет дена инаку 20 проценти од целата сума, Георгиевски не издал никаков налог за работа до заминување на својата функцијата. Значи го земале авансот од фирмата и 2 месеци ништо не срабтиле бидејќи градоначалникот не дал никаква насока или налог писмен за работење, односно за извршување на дејностите согласно договорот кој што го потпишал и местење лед светилки, што уште еднаш покажува дека им било единствено важно само да го исплатат авансот пред изборите во месец август и толку, повеќе ништо не се сработило додека бил градоначалник.

Дали граѓаните ќе имаат бенефит или не, воопшто не им било важн, ниту на надзорот, ниту на фирмата, ниту пак на Борис Георгиевски.

Со овој договор трбеало да се постават смарт светилки на над 60тина проценти од светилките во цела Гази Баба.

Замислете, наместо да се издаде налози од страна на градоначалникот за поставување на нови лед светилки и да се менуваат натриумовите светилки како што велат и во реакцијата, Борис Георгиевски пред заминување од функцијата на 13 октомври 2021 година склучува уште 2 договори за реконострукција и одржување на светилки во вредност од по 2 милиони денари. Вкупно 4 милиони денари со ДДВ, фирмата иста која што и претходното одржување го земала, одредена фирма Електро Микица ДООЕЛ Скопје, а истите реони се каде што би требало и да се местат тие лед светилки.

И главното прашање тука кој што треба да го одговори Борис Георгиевски, ако веќе има активен договор за смарт осветлување и ако менува натриумови светилки со паметни светилки, зошто не дал налог да се поставуваат паметни светилки, туку склучил 2 нови договри во висина од 4 милиони денари за одржување на старите светилки или така наречени натриумови?

На скандалите им нема крај.

Борис Георгиевски со вакви договори за осветлување во вредност од 2 милиони евра во времетраење од половина година, Гази Баба требаше сега да биде поосветлена од Париз, кој важи за град на светлината.

Бараме ревизија на овие договори, каде, колку и дали се спроведени и дали соодвествуваат записниците од надзорите со фактичката ситуација, затоа што 2 милиони евра пари се испланирани да се фрлат во вода или испумпаат, во време кога најголем дел од граѓаните во руралниот дел газат во кал благодарение на неостварените ветувања на СДСМ.

Прашање: СДСМ се согласуваат за една изборна единица меѓутоа не и за измени на Законот за влада, ваш коментар?

Одговор: Наназад неколку години СДСМ има нејасни ставови. Најпрво не беа сигурни дали сакаат или не сакаат Пржинска влада, дали е едобра или не е добра, потоа имаа нејасни ставови по однос на една изборна единица, ги манипулираа своите помали коалициони партнери, помалите партнери, не беа сигурни дали сакаат или не сакат една изборна единица. Ние најавивме дека ќе поднесеме предлог закон за предвремените парламентарни избори кои што  по секоја цена ќе се случат, без разлика што и да си замислуваат таму во СДСМ, народот повеќе не ги сака. Во тој предлог закон кој што ќе го предложиме а го најави и претседателот Мицкоски ќе има бришење на некаде околу 9 точки од Законот кои што се однесуваат на техничката влада која што имавме прилика да ја видиме на кој принцип функционира изминатите години пред избори. По однос на тоа прашање последиците кои што ќе произлезат од тој предлог закон ќе биде враќање на моделот на функционирање на парламентарни изброи или предвремени парламентарни избори пред 2016тата година, што доколку сметаат дека се толку сигурни во победата еве може да го прифатат и изгласаат. А во однос на една изборна единица ние како што рековме подготвени сме да разговараме за тоа прашање бидејќи ние сме чесни во намерите, односно не сме како СДСМ и владата да ги манипулираме помалите партии и затоа си го кажавме јасно и гласно нашиот став.

Прашање: Кои се тие точки во законот?

Одговор: Некаде околку 9 точки, ќе ги видите подетално во законот.

Прашање:  Што содржи предлог законот кој ќе ги доставите до Собранието во однос на предвремените парламентарни избори?

Одговор: За ова прашање и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ имаше свој став, кој што ќе го повторам и потврдам за да биде уште еднаш јасно потенциран. Овој предлог закон важи за предвремените парламентарни избори кои што треба да се случат сега доколку не се плаши СДСМ, а во однос на 2024та година парламентарни избори, еве уште еднаш јавно пред јавноста да му порачам и на Ковачевски и СДСМ, на власта, на коалиционите партнери, и на ДУИ и на сите останати, тоа е само нивна желба дека во 2024 година ќе има избори. Изборите ќе се случат многу набрзо така да нема потреба од нивните замисли за во 2024та година избори и овој предлог закон важи за предвремените парламентарни избори кои што треба да се случат.

 

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

watch anime AniWatch Mieruko-chan

AniWatch Tokyo Revengers Episode 23 - Uncen

AniWatch The Daily Life of the Immortal King 2nd Season

watch anime free Dragon Ball Z (Dub)

AniWatch Komi Can’t Communicate Episode 11