February 24, 2019 04:46
Македонија

Арсовски: Преку агенција за времени вработувања примен братот на Мира Стојчевска

Воопшто не и е лесно на пратеничката Мира Дизел Стојчевска штом не знаела и морала од медиумите да разбере дека нејзиниот син Виктор Стојчевски аплицирал и за негова среќа бил вработен во државната ЕЛЕМ.

За да не ги обвини медиумите дека кријат информации од нејзе, еве да и помогнеме со уште една информација, која би сакале да ја потврдиме пред целата македонска јавност.

Почитувана Мира, дали е точно дека покрај Виктор, твојот син вработен во ЕЛЕМ, преку агенција за времени вработувања е примен и твојот брат како перспективен бравар со завршено средно училиште?

Еве и шанса на Мира Дизел Стојчевска да се јави кај нејзиниот брат и да го праша дали и тој е ангажиран во ЕЛЕМ односно во РЕК Битола? Дали е на определено или неопределено време? Дали и тој стартува со работа од 11 февруари?

Според нашите информации датумот на спроведување на вработувањето на син и на брат и во Агенцијата за вработување се на 09.02, односно во саботата, а изборите се распишани во петокот на 08.02. Првиот работен ден на Виктор и на брат и на Мира бил вчера односно на 11.02 во понеделник три дена после распишувањето на претседателските избори од страна на Собранието.

Она што е симптоматично и ја интересира јавноста е следново:

Дали е точно и како е можно да син и на Мира Стојчевска да биде пријавен за вработен во државната ЕЛЕМ ден после распишување на претседателските избори во Собранието?

Премногу е симптоматично исто така, како е можно сите блиски роднини на функционерите од власта токму сега да добијат шанса за вработувања и тоа баш во институциите и претпријатијата каде што платите се многу повеќе од 500 евра просечната плата која што ја ветуваше Зоран Заев пред изборите. Но, еве најверојатно тоа е дел од планот на СДСМ и Владата за покачување на просечната плата, така што ќе си ги вработат своите роднини на места каде што ќе земаат многу повисока плата од просечната за сметка на сите оние граѓани кои што земаат далеку пониска плата од просечната.

Ова е лицемерие од кое што сите граѓани се згрозени. Барем малку ако имате срам, барем само грам срам ако имате, веднаш ќе си поднесете оставки

Related posts

Генералниот секретар на НАТО ги повика Скопје и Атина да бидат пофлексибилни

24news

Протоколот ратификуван во Грција, почнува примената на новото име „Република Северна Македонија”

Ivona

Фатиме Фетаи: Насилството во општина Центар произлезе од мозокот на Никола Груевски

24news