February 25, 2021 16:54
Македонија

Арсовски: Коста Петров призна дека сторил кривично дело, обвинителството на потег

Димче Арсовски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ  во вечерашното издание на “24 Анализа” на 24 Телевизија го праша директорот на Фондот за иновации Коста Петров дали му е забранет влез во Дубаи заради одредени недоследности во Вашето работење.

-Но, претходно да ги објасните сите оние недоследности што кренаа прашина во јавноста околу оној фамозен тендер. Бојан Ивановиќ кој е поддржувач и активен чинител на политиките на СДСМ има земено неколку тендери во низа во Фондот од 2018-тата до 2019-тата година. Последниот тендер за кој треба да се дискутира и воедно директорот треба да одговори е тендерот за маркетинг услуги и комуникациски услуги кој што беше потпишан и е во вредност од 11 милиони и осумстотини денари. Истиот тој Бојан Ивановиќ има земено три тендери во низа од Фондот во 2018-та година во вредност од над 4 милиони денари. Зошто директорот не го прекинал спорниот договор. Исто така, во овие моменти кога има корона криза сулудо е да давате 200 илјади евра за организација на јавни настани, рече Арсовски.

Рамковниот договор е околу една милијарда, а досега се потрошени 10.2 милиони денари. Користите медиумска промоција на Фондот, но не на социјалните мрежи туку преку медиуите и порталите. Рекламите се платени со буџетски пари од Фондот за иновации, рече Арсовски.

-Дали знаете дека на 24-тата седница на Владата на 22 август 2017-тата година  е донесен мораториум и забрана за рекламирање на институциите во медиумите. Дали сте свесен дека со ова сте направиле кривично дело, Арсовски го праша Петров.

На ова, директорот на Фондот за иновации му се извини на Арсовски: Извини ако сум направил кривично дело, рече Петров.

Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 9 (https://animeflix.nl/m/j4DD/ep-9) at ANIMEFLIX animeflix website

Peach Boy Riverside Episode Preview at website https://funimationfree.com. See more funimation hunter x hunter